Стара техника, нов тренд: Макраме чанти

Макраме техниката е една од оние чија популарност последниве години полека расте. Со оваа техника можат да се изработат предмети за дома, украси за екстериер, но и накит и модни додатоци.
Се работи за техника на врзување јазли (макраме) која се работи рачно, a може да се изработува од кожа, конец, волна, памук, па дури и користење на метал. Ние денеска ќе се фокусираме на чантите изработени од макраме.


Пред неколку години брендот Валентино направи чанти од макраме со кожа и коноп, а модната куќа “Емилија Пучи“ направи чанти во макраме техника со шарени траки.
Нам ова лето ни се омилени оние од конец и во светла нијанса, кои придонесуваат за романтичен изглед. Во комбинација со кошула фустан, лелеави здолништа, па дури и шорц и маица, можат одлично да се вклопат речиси во секоја пролетна и летна комбинација.
Еве неколку предлози во продолжение:

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.