Судијката со порака до бегалецот Груевски: Немаше доблест да се соочиш со правдата, лидерот не ги напушта своите следбеници

Судиката во случајот Талир 2 по изрекувањето на пресудата му порача на Груевски дека бегството доволно зборува за неговата личност, како и за неговата вина, и дека лидерот никогаш не ги напушта своите следбеници за да избегне одговорност.

Судиката потоа додаде: „Во овој предмет се работи за личности со оформен висок степен на образование. Груевски е во бегство, а Божиновски уредно се јавуваше на закажаните расправи. Судот истакнува дека една површна анализа на доказите ќе ве доведе до шареноликост, но деталната анализа ќе ви покаже дека санкциите се реални.“

Таа го карактеризираше Груевски и неговото однесување на следниот начин: „Самиот чин на бегство од правдата доволно кажува за неговата личност, како и за неговата вина. Со секоја пресуда се испраќа порака дека поголемите овластувања значат и поголема одговорност. Обвинетите се издигнале над законот и партиските интереси биле мотив за дејствијата што ги преземале. Со самата судска разрешница испраќање порака дека сите се еднакви и никој не е привилегиран. Никој не може да ја задржи имотната корист стекната со кривично дело“

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.