СЦ Борис Трајковски организатор на завршниот турнир во кошаркарскиот Куп

Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје ја презема комплетната организација на завршниот турнир на кошаркарскиот Куп на  Македонија, во машка конкуренција.Купот ќе се одржи од 28-ми до 31-ви март, а ова ќе биде трета година по ред во која домаќин на турнирот за престижниот Куп-трофеј е нашата најголема спортска арена.Извлекувањето на четврт финалните и полуфиналните двојки ќе биде извршено во четврток, во 13 часот.На Завршниот турнир од Купот на Македонија ќе учествуваат осум екипи: МЗТ Скопје Аеродром, Фени Индустри, Лирија, Кожув, Работнички, Куманово, Струмица и Вардар.
Според предвидениот распоред, во четврток (28-ми март) ќе се играат две четвртфинални средби, во петок (29-ти март) ќе се доиграат останатите два четвртфинални дуели, за сабота (30-ти март) се предвидени двете полуфиналиња, додека на финалето во недела (31-ви март) ќе му претстои и младинското финале (до 20 години) меѓу младинските екипи на Вардар и Струмица.Ова е инаку ќе биде 21-во издание на сениорскиот кошаркарски Куп на Македонија, а најтрофеен тим во историјата на натпреварувањето е КК Работнички со осум освоени трофеи. Бранител на трофејот од минатата година е МЗТ Скопје Аеродром, кој вкупно има освоено пет трофеи.
МакфаксСпортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје ја презема комплетната организација на завршниот турнир на

Пронајдете не на следниве мрежи: