Сè што не сте знаеле за јајцата

Јајцата се незаменлив извор на протеини, а содржат и витамини и минерали. Достапни за сите преку целата година, тие се толку лесни за приготвување и исто толку вкусни и корисни.

ЈАЈЦЕТО – ВАЖНО ЗА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ

Белката на јајцето е составена од околу 85-90% вода, 10-12% белковини и под 1% јаглехидрати, масти и минерали. Мастите застапени во белката се полинезаситени и поради тоа не се штетни. Во белката нема холестерол.

Половината од составот на жолчката е вода. Една третина од неа припаѓа на мастите, а белковините во неа се 15-16%. Во жолчката се содржат и витамините А, Д и Е. За разлика од белката, во жолчката од јајцето има холестерол. Околу 2% од жолчката е холестерол, но тој не е толку опасен како што се сметаше некогаш. Најновите истражувања покажуваат дека консумирањето на едно јајце дневно од здрав возрасен човек не го зголемува ризикот од срцеви заболувања.

Идеално тврдо варено јајце

Продолжува на следната страна:

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.