Сè што не сте знаеле за јајцата

Јајцата се богати со холин. Холинот има силна улога во развојот на мозокот и неговото функционирање. Тој е особено важен за бремените жени затоа што е потребен за развиток на мозокот на фетусот. Две големи јајца содржат 252 милиграма холин. Тоа е речиси половината од дневните потреби.

Јајцата се важен извор на протеини. Протеините се потребни за создавање и обновување на клетките во организмот. Протеините учествуваат во градбата на мускулите, органите, кожата, косата како и на антителата и хормоните. Во составот на протеините влегуваат 20 различни аминокиселини. Од нив 9 есенцијални аминокиселини не можат да бидат создадени во телото и треба да се внесуваат преку исхраната. Јајцата се вбројуваат во малкуте храни кои што ги содржат овие девет аминокиселини. Пресметано е дека две средни по големина јајца го снабдуваат организмот со исто толку незаменливи аминокиселини, колку 80-100g месо.

Жолчката на јајцето содржи лутеин и зеаксантин. Овие два антиоксиданси, од групата на каротеноидите, придонесуваат за подобрување на здравјето на очите и ги заштитуваат од ултравиолетовите зраци.

Хемискиот состав на јајцето зависи од храната која се консумира од птицата, годишното време, времето на несење на јајцето и многу други фактори. Пример: витаминот А, кој се содржи во жолчката, количински е многу пати поголем во лето, отколку во зима.

Продолжува на следната страна:

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.