Сè што не сте знаеле за јајцата

ЈАЈЦАТА ВО ДИЕТАТА

Јајцата се совршена храна за балансирана и здрава диета. Едно јајце содржи околу 70-80 калории, па затоа без проблеми може да биде дел од храната за диета.

Луѓето кои имаат проблем со тежината можат да ослабат 2 пати побрзо ако во рамките на нискокалорична диета (800 калории дневно) практикуваат појадок со јајца. Овој заклучок е резултат на истражување во Америка во кое учествувале 152 мажи и жени од 25 до 60 години.

Заборавете ги диетите – Појадокот е најбитен оброк

Една група доброволци појадувале јајца, а друга група – крофни (со ист број на калории како јајцата). Експериментот траел 8 недели. Резултатите покажале дека луѓето од групата која комбинирала нискокалорична диета со појадок во кој се вклучени јајца, ослабеле со 65% повеќе, отколку втората група која појадувала крофни.

Затоа, не ги исфрлувајте јајцата од вашата исхрана кога сте на диета. Можеби точно тие ќе бидат причината за губењето на килограми.

Продолжува на следната страна:

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.