Таравари до Мицковски: Западните партнери очекуваат да го промениме Уставот

Стратешките партнери на Република Македонија, оние кои континуирано го поддржуваат нашето патување кон НАТО и ЕУ, очекуваат од нас да ја отстраниме последната бариера за отворање на преговорите за членство во ЕУ: уставните измени.

Таравари до Мицковски: Западните партнери очекуваат да го промениме Уставот

Ова е дел од одговорот што од Алијанса за Албанците (АА) го упатуваат до ВМРО-ДПМНЕ откако од опозициската партија јавно го праша Арбен Таравари кој е тој меѓународен фактор што бара неговата партија да влезе во Владата

Од АА велат дека секое друго сценарио различно од патот на земјава во НАТО и ЕУ, ќе води кон изолација, несигурност и нестабилност во време кога Европа е повознемирена од кога било, но возвраќаат и со прашање до ВМРО-ДПМНЕ кој е тоа што бара од неа да работи спротивно на евроатлантските интереси на државата.

„РСМ нема друга алтернатива освен членство во ЕУ. Државниот разум треба да надвладее над политичките калкулации. На сите прозападни сили е да се заложат за конечно обединување на континентот. Жалиме што ВМРО-ДПМНЕ ја заборави својата понова историја и не научи од грешките.

Изборните калкулации за стратешки прашања се политичка незрелост за партија која тврди дека е државотворник. Ги прашуваме ВМРО-ДПМНЕ, кои се тие сили или држави кои од нив го бараат спротивното од ова и спроведувањето на сценарија кои ја водат државата и регионот по опасен пат?“,велат од АА.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.