Тежок ден за премиерката Брнабиќ

Денешниов ден кога Собранието во Приштина гласаше за законите за трансформација на Косовските безбедносни сили во војска на Косово, „не е ден кој придонесува кон стабилност во регионот“, изјави српската премиерка Ана Брнабиќ. Таа уште додаде дека Србија ќе продолжи со својот пат кон стабилност и мир.
Во коментарот за формирањето на косовската Војска, Брнабиќ рече дека ова е тежок ден за неа и дека верува дека без стабилен регион нема ни стабилна Србија или која било друга земја во регионот., додавајќи дека според неа, подобро е да се зборува за соработка, наместо земјите да подигаат бариери и да размислуваат како да се спречи соработката.
Формирањето на косовската Војска го коментираше и српскиот министер за одбрана Александар Вулин, кој изјави дека се „согледува состојбата во Косово“ и дека Војската на Србија е „подготвена да ја исполни која било наредба на врховниот командант, претседателот Александар Вучиќ, кој е информиран за сите детали“.
– Тоа е наша задача. За тоа каква наредба ќе се донесе, одлучува врховниот командант – изјави Вулин.
Српскиот претседател Александар Вучиќ, заедно со Вулин и началникот на Генералштабот на Војската на Србија, Милан Мојсиловиќ, од синоќа во следните 72 часа е во посета на повеќе единици во копнената безбедносна зона на границата кон Косово. За денес во Белград е најавена и вонредна прес-конференција за настаните во Приштина на директорот на српската владина Канцеларија за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.