Тереза Меј не се откажува од спроведување на Брегзитот

Британската премиерка, Тереза Меј изјави дека е решена да го спроведе Брегзитот и ги повика пратениците да ја поддржат спогодбата која Парламентот два пати ја одби.
– Се надевам искрено дека пратениците ќе ја поддржат спогодбата за која преговарав со Европската Унија, рече премиерката, која вчера побара од Унијата одлагање на датумот на почетокот на Брегзитот кој е предвиден за 29 март. Лидерите на ЕУ денес за тоа ќе расправаат на дводневниот самит во Брисел.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.