Тирамису торта

Потребни состојки:
200 г пишкоти
Инстант кафе
450 г маскарпоне
Слатка павлака
Шеќер
Шеќер во прав
Какао
По желба ликер од кафе, лешници, бадеми
Начин на подготовка:
Во помало тенџере измешајте половина шолја шеќер, половина шолја вода и две лажици инстант кафе и мешајте додека да зоврие. Оставете го сирупот да врие 1 минута и тогаш тргнете го од оган. По желба додадете 2 лажици ликер.
Со помош на миксер во еден сад изматете една третина шолја ладна слатка павлака, а во друг сад промешајте околу 450 г маскарпоне и половина шолја шеќер во прав. Изматете ја половина од павлаката и сипете ја мешавината во маскарпонето за да се соедини подобро, а потоа додајте го во останатата изматена павлака.
Наредете половина од пишкотите на дното на тавчето со димензии 20х20 и премачкајте со половина од сирупот. Ставете ја половината од смесата со маскарпоне и посипете со една лажица какао. Повторете ги сите слоеви уште еднаш по истиот редослед, покријте со алуминиумска фолија и оставете да се излади. Најдобро е да отстои 24 часа.
Пред да послужите, извадете од фрижидер и тргнете ја фолијата. Додајте уште една лажица какао.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.