Ти ми беше лекција: Важна, но исклучително болна

Те молам немој да ми доаѓаш со своето претпазливо, сомничаво срце и да ми поставуваш прашања за да видиш дали ќе ги пројдам твоите тестови, кои всушност е невозможно да ги пројдам.
Повеќе не сум заинтересирана за твојата недореченост и твоето „можеби“. Се откажав од незрелата надеж дека „еден ден“ ќе се случи нешто, затоа што после сите овие години, сѐ уште се нема случено ништо.
Те молам немој пак да ми кажуваш дека мораш „уште малку да размислиш околу тоа“. Завршив со чекање. Завршив со мојот фокус на нашиот потенцијал. Уморна сум. Фрустрирана сум.
Но, те молам кажи ми зошто постојано доаѓаше со уста полна со ветувања? Зошто го изговараше моето име како да ти значам повеќе отколу што всушност ти значев?
Ми велиш дека мислиш дека ме сакаш, го кажуваш тоа со пригушен тон, полн со проклета резервираност, моментална желба и површни очекувања. Твојот оклоп сѐ уште е тука, твоите рефлекси сѐ уште се претпазливи, а твоето оружје е подготвено да ги избрка твоите понудени чувства.


Затоа, те молам да си ја собереш твојата неодлучна љубов и љубезно (и одлучно) да си отидеш.
И двајцата знаеме дека ако останеш, јас секогаш ќе бидам слаба и заплетена во твојата фино испреплетена мрежа. Секогаш ќе патам заради зборовите кои сакам да ги чујам, оние зборови поради кои човек посакува полека да ползи кон пеколот.
Копнеев да ја покажеш својата ранливост. Трпеливо чекав и се трудев да имам доволно верба во нас. Но, исто така знам дека и моите нереални очекувања се тие кои ја предизвикуваат мојата болка. И свесна сум дека на моето рането, претепано, скршено и неуредно срце кое е преполно со љубов, навистина жали што толку долго се плеткав околу тебе.


Ти ми беше лекција – важна, но исклучително болна. Ти беше остар стап кој немилосрдно ме удираше, создаваше рани, принудувајќи ги да крварат, за да можам да почувствувам само уште малку повеќе болка. А сепак, ти ми беше потребен.
Ти влезе во мојот живот за да сфатам колку вредам и дека никогаш не смеев да дозволам да бидам избор кој никако не можеш да го избереш. Слободно оди си. Нема да те молам да се вратиш и нема да губам време за да те уверам во она што веќе длабоко во себе го знаеш.
Нема да се борам и да проаѓам низ масакар на моето срце само за да ми дозволиш да те сакам и нема да се борам и да те присилувам да ми покажеш дека се грижиш за мене.
Во твоите очи, трудот не е исто што и љубовта. Мислиш дека е лудо ако некој доследно те сака, дури и ако тој некој не е сакан на ист начин. Но, за мене, ова беше нешто ретко и единствено. А сега дојде до тивкиот и неизбежен крај.
Можеби никогаш нема да можам да ја исполнам оваа празнина, но многу попразно е да останеш во љубов која повеќе личи на војна.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.