Тонат во вода лажните тези на опозиционите економски тврдења, зашто ни беше потребна блокада на Буџетот?

Декември 2012 година . . .
Опозициски над 1.500 амандмани со цел кочење на Буџетот, кршење микрофони, напад врз претседателката на законодавно правната комисија, напад на претседател на собрание, бесмислени протести, насилство. Нормално ви текнува на сите за овие немили настани кои се случија кон крајот на 2012 година. Причина? Покрај очигледната желба на опозиционерите да се вратат на власт (која нормално ја посакуваат од 2006 година и не избираат начини да стигнат до тоа), како „основна“ ја наведуваат причината да се „сопре презадолженоста“ на Република Македонија. Од друга страна, со тие немили настани го злоупотребија правото на протест за одреден предизборен маркетинг (што донекаде им успеа, освојувајќи три општини на целата територија на земјата).
Април 2013 година . . .
На најновиот извештај на ММФ, по мината контрола во Македонија, европските монетарци ги изнесоа своите ставови и размислувања. Врз основа на нив, јасно е дека опозицијата лажеше прикажувајќи невистините факти, наводно дека државата е презадолжена и кон странство и внатрешно во земјата, и со употреба на физичка сила да го спречи носењето на Буџетот за оваа година. Буџет кој имаше подршка од мнозинството, тогаш во Собранието, а сега, според резултатите од локалните избори, можам слободно да кажам и од народот.
Република Македонија според вчерашниот извештај (17.04.2013) од ММФ, е ниско задолжена држава. Факт во полза за нашата држава е и што и во услови на светска криза имаме низок јавен долг. Стапката на раст на економијата во Македонија е така позиционирана (во согласност на фискалната и монетарната политика) сé со цел да се спречат сите прелевања од кризата што настана од Европа. Со самото тоа што Македонија „негува“ фиксен девизен курс, односно нашиот денар е цврсто поврзан со еврото, произлегува и логичното размислување дека штом се стабилизира кризата во еврозоната, македонската економија ќе се врати на претходните повисоки стапки на економски раст и понизок дефицит.
Предвременото отплаќање на долгот (во 2007 година), како и големите капитални инвестиции на Владата, се водечки активности кон стабилизирање на повисоки стапки на раст. ММФ за Македонија предвидува дека ќе оствари економски раст од 2,25 отсто, а пак во 2014 година од 2,8 проценти. Само за споредба што значат овие бројки, ќе ви го изнесам предвидувањето на ММФ за порастот или падот на економијата во неколку балкански земји. Па така, Србија ќе забележи пад од 1,8, Хрватска за 2, Бугарија ќе оствари раст од 0,8 отсто а, пак, грчката економија се очекува да порасне за 0,6 проценти. Според прогнозите на ММФ, економијата на еврозоната годинава ќе се намали за 0,3 отсто, а во 2014 година ќе има благ раст од 1,1 процент.
По сето горенаведено се поставува прашањето: Зошто ни беше потребен сиот тој циркус со насилство и блокада на Буџет од страна на опозицијата? Одговорот очигледно го даде народот на локалните избори кои завршија пред десетина дена.
Милан Пејоски
Магистар по економски наукиДекември 2012 година . . .
Опозициски над 1.500 амандмани со цел кочење на Буџето

Пронајдете не на следниве мрежи: