Топла салата со грилован лосос

Денес готвиме заедно со Маја Војноска која ни подготви топла салата со грилован лосос. Останатите рецепти на Маја можете да ги погледнете во групата Хроно исхрана на Facebook.
Овој рецепт може да си го приготвите и за вечера доколку сте во траен режим (вон рестрикција).
Рецепт
ЗА ЛОСОСОТ
200 гр. Лосос
1 гол. лаж. Маслиново масло
2 гранчиња Рузмарин
по вкус Химелајска сол

ЗА САЛАТАТА
4 пар. Шери домат
25 гр. Млад спанаќ
25 гр. Ајсберг марула
25 гр. Црвена марула
25 гр. Зелена марула
по вкус Масло од авокадо
по вкус Сок од лимон
по вкус Сусамово масло
по вкус Химелајска сол


Инструкции за готвење
1 | Подготовка на лососот
На загреана грил тава додаваме една голема лажица маслиново масло за готвење и две гранчиња Рузмарин, кои ги пропржуваме 1-2 минути за да пуштат арома во маслото.
Го тргаме рузмаринот на страна во тавата и ги ставаме парчињата лосос. Секоја страна (горна и долна) филетите од лосос ја пржиме по 5-6 мин.
2 | Подготовка на салатата
Листовите од марула салатата и спанаќот убаво ги миеме и ги оставаме да се исцедат додека го спремаме лососот. Во подлабок сад ги додаваме крупно сечканите видови марула, целите листови спанаќ и исецканите шери домати.
Салатата ја зачинуваме со химелајска сол и ја полеваме со сок од лимон и ладно цедени масла од авокадо и сусам.
Топлите филети лосос ги додаваме врз салатата.
На здравје ручек!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.