ТОПЛО-ЛАДНО

Вкусот на топло и разлеано чоколадо совршено се совпаѓа со свежината на сладоледот од ванила. Фантастичен десерт, многу едноставен за правење (откако ќе научите колку точно минути да го печете!).

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

4 Јајца
170 гр путер
130 гр шеќер
70 гр брашно
150 гр темно чоколадо повеќе од 60% какао
9 топки сладолед од ванила
неколку ливчиња свежо нане или цитронела

КАКО ДА ГО НАПРАВИТЕ:

Со миксер убаво се мати путерот и шеќерот.

Во смесата се додаваат јајцата, брашното и растопеното чоколадо (внимавајте при изборот на чоколадо, бидејќи колачите не излегуваат добро со било какво чоколадо – Витаминка чоколадото за готвење е добар избор).

Откако убаво ќе се соедини смесата, се остава да отстои барем половина час на собна температура, а потоа се става во модли (чашки за печење кои не треба да се подмачкуваат ако се тефлонски – можат да се најдат кај нас).

Се печат во убаво загреана рерна (наредени на жицата, не на тавче) на температура од 200 степени. Времет на печење е помеѓу 7 и 8 минути (НИКАКО ПОВЕЌЕ) во зависност од рерната, а можете да пробате со печење на една чашка и со проверка, за да го дознаете точното време за вашата рерна

Откако ќе се испечат, се превртуваат на чинија за служење, се посипуваат со шеќер во прав или со течно чоколадо, а покрај секое колаче се става една топка сладолед од ванила. Се украсуваат со 1-2 ливчиња од свежо нане или цитронела.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.