Топло со температури до 27 степени


Според УХМР, и во наредните денови ќе продолжи периодот на сончево и топло време со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло со слаб јужен, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната од 21 до 27 степени.

Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне 26 степени.

Според УХМР, и во наредните денови ќе продолжи периодот на сончево и топло време со мала до умерена облачност. Од вторник ќе има извесно зголемување на облачноста со благо опаѓање на дневната температура

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: