Топчиња со кашкавал и сирење

Состојки
50гр Кашкавал (рендан)
100гр Сирење (рендано)
1 Јајце
4г.л. Брашно (рамни)
пола пакетче Пециво
За увалување на топчињата
2г.л. Лебни трошки

За приготвување на ова вкусно мезе не ви е потребно многу време. Овие вкусни топчиња можете да ги послужите со вашиот омилен сос и да бидат дел од вашата даска со поховани јадења по ваш избор и да уживате во нивниот феноменален вкус.
Подготовка –
1. Во длабок сад ги рендаме сирењето и кашкавалот.
2. Го додаваме јајцето, мешаме да се соединат убаво состојките.
3. Го додаваме и брашното измешано со пецивото.
4. Оваа смеса ја покриваме со стреч фолија и ја оставаме во фрижидер 1 час.
5. Потоа правиме топчиња со големина колку орев и ги увалуваме во лебни трошки.
6. Ги пржиме во загреано масло до заруменување и ги вадиме во чинија врз салфета.
Забелешка – од оваа доза ќе добиете 20 топчиња, ако сакате повеќе дуплирајте ги состојките.
Ова е основниот рецепт, превкусни се, ги имам правено и со додавање на мало парче кашкавал во средината на секое топче (не е задолжително)

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.