Торта со крем банани

ЗА ПАНДИШПАН
8 јајца
16 лажици шеќер
8 лажици брашно
8 лажици мелени ореви
1 прашок за печиво
100 мл млеко
ЗА ФИЛ
1 литар млеко
4 пудинга од ванила
250 г маргарин
250 г шеќер во прав
200 г крем банани
1 лажица какао
3 шлага
300 мл млеко
Јајцата изматете ги со шеќерот. Додадете ги брашното, оревите и прашокот за печиво. Измешајте и ставете ја смесата во тава за печење покриена со хартија. Печете 20 минути на 200 степени.
Од пудингот и млекото сварете пудинг и изладете го.
Маргаринот измате го со шеќерот во прав. Додадете ги пудингот и исечените крем банани. Изматете и поделете го филот на половина. Во едниот дел додадете го какаото и промешајте со лажица.
Пандишпанот исечете го на половина. Првата кора попрскајте ја со половина од млекото и премачкајте ја со жолт фил. Ставете ја втората кора пандишпан, попрскајте ја со млеко и премачкајте ја со филот со какао.
Шлагот изматете го со млекото и премачкајте ја тортата.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.