Торта со моркови и Маскарпоне

ЗА ПАНДИШПАН
4 јајца
250 г шеќер
300 г брашно
200 мл масло
400 г моркови
3 лажички цимет
ЗА ФИЛ
170 г путер
500 г Маскарпоне сирење
300 г шеќер во прав
1 лажица екстракт од ванила
Шеќерот се мати заедно со јајцата и маслото. Претходно изренданите моркови се додаваат во смесата и се меша. Се додаваат брашното и циметот, и се меша додека да се добие хомогена смеса. Смесатa се нанесува во тркалезен калап, обложен со хартија и се  пече 30 минути на 200 степени.
Откако пандишпанот ќе се излади, се сече на 3 дела за да се добијат 3 посебни кори.
Путерот, маскарпонето и шеќерот во прав се матат заедно. Се додава екстрактот од ванила и сè убаво се меша. Филот рамномерно се распределува помеѓу корите и се декорира по желба.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.