Тортиљи со кајгана

2 тортиљи
2 јајца
30 г сирење
3 млади кромидчиња
2 печени црвени пиперки
масло
Младиот кромид го сечкаме на кругови и го запржуваме на загреано масло во тава на оган. Јајцата ги матиме со виљушка во чинија, го додаваме издробеното сирење и промешуваме. Потоа ги додаваме во тавата со кромидот. Откако ќе се испржи ја ставаме кајганата на чинија.
Тортиљите ги ставаме во истото тавче во кое се пржеше кајганата да се згреат од двете страни. На едната половина на секоја тортиља ставаме половина од кајганата.
Пиперките ги сечкаме на тенки ленти по должина. Ги ставаме врз кајганата и ги виткаме тортиљите во ролати.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.