Тој ја диктира модата: 5 работи кои, спрема Томи Хилфигер, секоја МОДЕРНА жена треба да ги има!

Томи Хилфигер, познат американски моден дизајнер и сопственик на еден од најпознатите модни брендови, со децении успешно ги диктира и следи светските трендови.
Парчињата на неговиот бренд привлекуваат внимание со децении и се привлечни токму поради нивната функционалност и мешавината на елеганција и спортски стил.
Познатиот дизајнер неодамна доби награда и признание за неговиот импресивен успех во светот на модата, како дел од „Fashion Awards“, прослава на која се слават иновациите и креативноста во светот на модата.
Во својот говор, познатиот дизајнер истакна дека занимавањето со мода е неговиот сон од тинејџерските денови и дека инспирацијата ја наоѓа секој ден, во нештата како музиката, уметноста и луѓето што ги среќава на улица.
Тој не ја пропушти можноста да му изрази благодарност на својот татко, кој беше негова главна инспирација за неговиот начин на живот „Bon Chic, bon Genre“ (добар стил, добар став).
Во својата креативна кариера бил инспириран од облеката на рок ѕвездите, а подоцна и од поп и хип-хоп културите.
Со текот на времето, неговите дела станаа незаменлив дел од изгледот на познатите пејачи, а првите чекори во неговата кариера беа прилично скромни. Имено, тој започнал со продажба на својата гардероба во Њујорк во задниот дел на неговиот „фолксваген“.


Со оглед на импресивното искуство на овој славен креатор и неговата успешна кариера, не би било лошо да ги имаме предвид неговите совети за вечно беспрекорен стил.
– Верувам во удобни, софистицирани и разновидни класици кои можат да ве придружуваат од утро до вечер, од канцеларија до ресторан – рече во една прилика, а како топ пет парчиња што секоја модерна жена треба да ги има во својот плакар, а кои исто така се соодветни. за секоја прилика тој издвои:
– Бела кошула
– Добро скроени фармерки
– Класична јакна
– Класичен капут
– Впечатливо парче накит или часовник
Хилфигер верува дека модата е совршен начин за една личност да ја покаже својата креативност и кои се навистина. Преку модата, човекот лесно го покажува својот идентитет и интегритет.
Тој исто така истакна дека е важно секој да се чувствува добро и удобно во тоа што го носи

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.