Трамп и Нетанјаху разговараа додека Иран го напаѓаше Израел

Американскиот претседател Доналд Трамп разговараше по телефон со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, додека Иран ги продолжуваше своите контранапади врз Израел, објави агенцијата Анадолија.

Официјален претставник на Белата куќа го потврди повикот, но, не беа објавени дополнителни детали.

Најмалку 40 лица беа повредени во иранските контранапади врз Израел, вклучувајќи двајца во критична состојба, објавија израелските медиуми. Претходно, израелското воено радио објави дека службите за итни случаи работат во погодените области.

Израелската војска соопшти дека Иран испалил десетици ракети и дека системите за воздушна одбрана се активирани и работат на нивно пресретнување.

Сирени се огласија низ Израел, вклучувајќи ги Тел Авив, Ерусалим и Хаифа, како резултат на ракетните напади од Иран, сигнализирајќи национална тревога.

Израелските сили започнаа нов напад врз Иран, објави израелскиот Канал 13. Како што јавуваат иранските медиуми, за прв пат е нападнат брегот на Иран. Експлозии биле пријавени и низ Техеран, главниот град на Иран. Над градот биле забележани силни напади од воздушната одбрана.

Пронајдете не на следниве мрежи: