Во денешно време дизајнирањето на костими за капење бара сè помалку материјал, а дали вие би следеле ваков тренд?
Пејачката Ара Квин Беј која е вистински пример за облик на тело во вид на песочен часовник, е вистински љубител на провокативните костими за капење.
На плажа во Мајами таа покажала дека го поддржува трендот којшто се одликува со неколку детали – горниот дел се носи на половина од градите, а долниот дел од костимот за капење исто така е многу предизвикувачки и со танга.
Ваквите костими за капење ги истакнуваат раскошните облини. Секако, секој може да го носи тоа што му се допаѓа и во што се чувствува добро. Прашањето е само дали еволуцијата на дизајнирани костими за капење ќе се запре во некој момент и ќе тргне во некоја друга насока или ќе се врати на старо.
Многумина сметаат дека таа еволуција всушност е негодување и дека е уништена убавината на класичните модели. А, некои додаваат и дека најмногу им се допаѓаат комбинациите на некогашните и нови трендови.
Какви модели на костими за капење вие обожувате?
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.