ТРЕТА ФАЗА ОД ПРСКАЊЕТО ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 14.06.2021 година ќе се реализира третата фаза од авионската и терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, односно:

  1. Авионската дезинсекција (трета фаза) на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира на 14.06.2021 (понеделник), во раните утрински часови.
  2. Терестричната дезинсекција (трета фаза) на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира на 14.06.2021 (понеделник), во текот на денот.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.