Туристи заглавени на санта лед среде арктичкиот океан

Во близина на најдалечниот канадски арктички архипелаг 20 туристи се заглавени на санта лед и се изгубени среде морето.
Туристи кои биле на експедиција кампирале на леден полуостров кога одеднаш мразот пукнал, и ледена санта со пречник од 10 метри се одделила од копното и почнала да плови по морето.
Среќа тие веднаш ги известиле властите, па имаат шанси да бидат спасени. Кршење на мразот е вообичаено за Арктикот за овој период од годината. А температурите се над нулата, па нема ни можност од смрзнување. До сега тие имаат добиено опрема за спасување која вклучува храна, гумени сплавови и сателитски телефони од хеликоптер. Во близина на најдалечниот канадски арктички архипелаг 20 туристи се заглавени на санта лед и се изгубени среде морето

Пронајдете не на следниве мрежи: