Убиен врвен советник на иранскиот ајатолах, пожар во најголемото гасно поле во светот

Али Шамкани, врвен советник на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, почина во болница еден ден откако Израел започна воздушни напади низ целата земја, објавија иранските медиуми.

Шамкани беше врвен функционер за национална безбедност на Иран во изминатата деценија и го претставуваше Иран во разговорите за приближување со Саудиска Арабија, посредувани од Кина.

Министерството за нафта на Иран соопшти дека две големи гасни полиња во јужната покраина Бушер биле погодени од израелски напади.

Иранските медиуми, повикувајќи се на очевидци, соопштија дека нападот врз гасното поле Јужен Парс бил извршен со помош на минијатурни дронови. Објектот на компанијата за рафинирање на гас „Фаџр Џам“ во истата покраина, исто така, бил погоден.

Ова е прв пат да се пријават израелски напади врз ирански гасни постројки.

Пронајдете не на следниве мрежи: