УКРАИНЦИТЕ ОБЈАВИЈА ДЕКА УНИШТИЛЕ РУСКА ВОЕНА БАЗА: „ЕКСПЛОЗИЈАТА Е ТОЛКУ СИЛНА ШТО СЕ УШТЕ СЕ ГЛЕДА ЦРН ЧАД!“

Гувернерот на регионот Харков изјави дека меѓу телата ископани од местото на масовната гробница во Изум, 99 отсто имале знаци на насилна смрт.

УКРАИНЦИТЕ ОБЈАВИЈА ДЕКА УНИШТИЛЕ РУСКА ВОЕНА БАЗА: „ЕКСПЛОЗИЈАТА Е ТОЛКУ СИЛНА ШТО СЕ УШТЕ СЕ ГЛЕДА ЦРН ЧАД!“

Утрово е уништена непријателската воена база во областа Мелитопол, во областа Запорожје, објави на Телеграм украинскиот градоначалник на Мелитопол, Иван Федоров, пренесува Укринформ.

Според Федоров, експлозијата во руската база лоцирана во областа Молочни Лиман била толку силна што се уште може да се забележи црн чад.

Подоцна Федоров даде уште една објава за нападот на руската воена база во близина на тој град за кој информираше утринава. Според Федоров, избувнал пожар во руската база во областа Молочни Лиман во југоисточниот дел на регионот Запорожје, кој целосно ја уништил зградата, пишува Киев Индипендент.

Масовна гробница во Изум

Гувернерот на Харковската област Олег Синехубов изјави дека 99 отсто од телата ексхумирани од местото на масовната гробница во Изум покажале знаци на насилна смрт, пишува Киев Индипендент. Масовната гробница наводно содржи околу 440 тела.

„Има неколку тела со врзани раце зад грб, а едно лице е закопано со јаже околу вратот“, рече тој. „Очигледно е дека овие луѓе биле мачени и егзекутирани“, додаде тој.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.