УРСУЛА ФОН ДЕР ЛАЕН БЕСНА ЗА СЕВЕРНИОТ ТЕК: „Ова е напад врз ЕУ и ќе имаме најсилен можен одговор“

Шефот на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека истекувањето на гасоводот „Северен тек“ е предизвикано од саботажа и најави „најсилен можен одговор“ доколку биде нападната активната европска енергетска инфраструктура.

Според информациите кои се лиферуваат денеска, како и изјавите на европските челници може да се заклучи дека станува збор за САБОТАЖА

Данската премиерка Метер Фредериксен денеска изјави дека нејзината влада смета дека истекувањето на гас од дански остров во Балтичкото Море е „намерна акција“.
УРСУЛА ФОН ДЕР ЛАЕН БЕСНА ЗА СЕВЕРНИОТ ТЕК: „Ова е напад врз ЕУ и ќе имаме најсилен можен одговор“
  • Зборував со премиерот на Данска Фредериксен за саботажата на Северниот тек (системот) – објави Урсула фон дер Лајен на својот Твитер профил и додаде дека сега најважно е да се истражат овие инциденти за да се добие целосно јасна слика за тоа што се случило и зошто.јавува Ројтерс.

– Секоја намерна закана за активната европска енергетска инфраструктура е неприфатлива и на тоа ќе одговориме на најсилен можен начин – рече фон дер Лајен.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.