ДПМНЕ вечерва во Штип избра уште осум кандидати за градоначалници на претстојните локални избори. Антонио Милошоски член на Извршниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ информираше дека вечерва ИК донесе одлука да му предложи на Централниот комитет на ВМРО -ДПМНЕ за Македонски Брод кандидат за градоначалник да биде Жарко Ристески, кој е и актуелен градоначалник на оваа општина и во Општина Могила да биде актуелниот градоначалник Драганчо Саботковски.
-За Пробиштип имаме кандидат којшто ќе се трка за градоначалник, Тони Тоневски, за Богданци ВМРО – ДПМНЕ го предлага Марјан Пеев, за Демир Капија ја предлагаме Наталија Димитриева, за Општина Росоман предлог за кандидат за градоначалник Ѓорги Крстевски, за Новица -Стевче Стевановски и за Дебарца-Златко Силјановски. Сметаме дека овие осум кандидати за градоначалници се одговорни, исполнителни личности, коишто својата активност ја докажале не само во рамките на коалицијата на ВМРО ДПМНЕ туку имаат углед и во самите општини, изјави Милошоски.
Извршниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ вечерва во Штип одлучи и генералниот секретар на ВМРО – ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски да биде претседател на Републичкиот изборен штаб, којшто ќе ја води кампањата за локалните избори.
Пронајдете не на следниве мрежи:


