Ако единствениот период кога детално го „зумирате“ вашето тело е додека си ги чупате веѓите или додека си ги лакирате ноктите, тогаш можеби пропуштате некои важни информации за вашето здравје.
Едно од најубавите нешта за нашето тело е дека има вградени сензори за различни видови болести и експертите велат дека можете да ги забележите и најраните симптоми доколку обрнете малку повеќе внимание на себе додека се гледате сабајле во огледало. Епа ајде, погледнете подобро…
Дали гледате темни линии на вашите нокти?
Големите бемки не се единствените знаци кои укажуваат на рак на кожата. Оваа болест може исто така да се развие и под вашите нокти. Жолтеникави, кафени или црни линии се знак дека имате оштетени клетки, најверојатно од меланом – најсмртоносната форма на рак на кожата, според д-р Ариел Остад, дерматолог во Њујорк.
Но, доколку болеста е забележана во рана фаза, тогаш во 95% од случаите може да се излечи. Ако се сомневате дека ги имате овие симптоми веднаш посетете дерматолог.
Дали имате светло бели линии на вашите нокти?
На сите ни се случува од време на време да добиеме бели точки на нашите нокти (особено ако сме си го удриле прстот во фиока), но ако забележите долги хоризонтални ленти или промена на бојата на површината од вашите нокти и ако се чувствувате необјасниво уморно во последно време, тоа можеби се лоши вести за вашите бубрези.
Овие симптоми може да бидат знак дека вашите бубрези не можат да ги филтрираат протеините од вашата урина. Тоа значи дека вашето тело многу брзо губи протеини – а тоа може да доведе до откажување на бубрезите. Доколку ги забележите овие линии, д-р Ариел Остад ви препорачува веднаш да го посетите вашиот доктор.
Дали можете да забележите груба или темна кожа под вашите пазуви?
Ако не сте претерале со кремите за потемнување, можно е да имате дијабетес, според д-р Мајкл Смит, главниот уредник на сајтот „WebMD.“ Преголемо количество на инсулин во вашиот крвоток може да предизвика абнормално мултиплицирање на клетките на кожата, што доведува до насобирање на ткиво и меланин.
Ова предизвикува вашата кожа да изгледа потемна и погруба. Најчесто се појавува под пазувите, на вратот или на слабините. Едноставен тест на крвта може да потврди дали навистина ја имате оваа болест.
ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПОДОЛУ НА СТРАНАТА 2 КАДЕ ШТО ЌЕ НАЈДЕТЕ МНОГУ КОРИСНИ ИНФОРМАЦИИ НА ОВАА ТЕМА 👇👇👇
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.