четврток, 12 ноември 2026
Најново

Финансиска полиција и МВР влегоа во скопскиот „Водовод“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Управата за финансиска полиција денеска влегла во канцелариите на скопското јавно претпријатие „Водовод“. Од Обвинителството изјавија дека јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е известен за постапувањето на Управата за финансиска полиција и Министерството за внатрешни работи во ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Зошто влезе во Водовод финанскиската полиција?

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Беа тука во врска со тендерот за дизајн и изработка на Пречистителната станица за отпадни води во Град Скопје. Немаа други цели, само за тој тендер се интересираа“
Финансиска полиција и МВР влегоа во скопскиот „Водовод“

„Во овој момент обвинителството има консултативна и координативна улога и јавниот обвинител редовно се известува за преземените дејствија. Доколку органите во чија надлежност е откривањето на криминал утврдат елементи на кривично дело, обвинителството ќе постапи согласно своите надлежности,“ се вели во одговорот на Обвинителството.
Новиот директор на претпријатието Марјанчо Митовски за дел од медиумите изјавил дека имал состанок со претставниците на Финансиската полиција и дека тие се интересирале за документацијата поврзана само еден тендер.

„Беа тука во врска со тендерот за дизајн и изработка на Пречистителната станица за отпадни води во Град Скопје. Немаа други цели, само за тој тендер се интересираа“, изјавил Митовски.

Поврзани вести