четврток, 12 ноември 2026
Најново

Формален или кежуал изглед: Што да одберете за добар впечаток!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Кога одите на разговор за работа или пак имате важен состанок, важно ви е да се преставите во најдобро светло и да оставите добар впечаток.
Тука секако дека спаѓа и вашето држење, вашата лична презентација, начинот на зборување, но и како сте облечени. Многу е важно вашата облека да остава впечаток на професионализам и сериозност, но тоа не значи дека мора да ја жртвувате удобноста и стилот.
Постојат некои општи обрасци кога е во прашање бизнис дрес-кодот и ако се придржувате до него, секогаш ќе бидете облечени со стил.
Формален работен стил


Формлниот стил е најконзервативен, кога е во прашање овој начин на облекување. Кога ќе се облечете според овој дрес-код, носете кроеви и темни бои. Најдобар избор се панталони и сако, кои оставаат впечаток на сериозни професионални жени со став.
Кежуал работен стил

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ


Кежуал дрес-кодот можете да го носите надвор од канцеларија или работните состаноци, обично кога одите на интервју за работа. Полн погодок би била едноставна бела кошула со пантолони со висок струк. Оваа комбинација надополнете ја со суптилен накит и женствени чевли на штикла. Внимавајте да го задржите формалниот изглед, бидејќи, иако опуштената опција е дозволена, треба да ја знаете границата. Не сакате да ве сфатат несериозно.
Лежерен стил


Облеката која ја носите секојдневно, сигурно нема да ја облечете за на работа. Канцеларијата едноставно не дозволува фармерки и патики. Сепак, доколку имате организирани дружења со колегите од работа, можете да се облечете онака како што се облекувате кога одите на кафе со пријателите.

Поврзани вести