(Фото) Уште една опасна артилериска граната пронајдена кај битолското с. Меџитлија

Пиротехничарот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Ѓорѓи Стефанов, безбедно отстрани неексплодирана артилериска граната со калибар 75 mm, што потекнува од Првата светска војна и ја транспортира до Армискиот полигон „Криволак“, каде што ќе биде уништена.

Како што информираат од ДЗС, гранатата била пронајдена при градежни работи што ги изведуваше ЈП „Стрежево“ – Битола, во атарот на село Меџитлија, Општина Битола, во близина на македонско-грчката граница.
Пријавата до ДЗС била доставена преку бројот за итни случаи 112.
The post (Фото) Уште една опасна артилериска граната пронајдена кај битолското с. Меџитлија appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: