Француската модна куќа повеќе нема да користи кожа од егзотични животни

Француската луксузна модна куќа Шанел, стана првата куќа со висока мода, која повеќе нема да користи кожа од крокодили и змии за свои креации. Оваа мерка најпрво ја поздравиле групите за заштита на животните.
„Одлучивме повеќе да не користиме кожа од егзотични животни за креации“, соопштил Шанел и додал дека инаку во денешно време тешко е да се добие кожа од такви животни, а притоа да се почитуваат одредени етични правила.


Шанел додал дека ќе се преориентира на нова генерација на луксузни производи кои се засноваат на „креативност, вештини и стандард на пар екселанс“.
Модната куќа веќе ги повлекла од продажба ташните од змиска кожа, кои чинеле околу 5.500 евра. Организациите за заштита на животните ја поздравиле одлуката на модната куќа, која во соопштението не наведува дека се одрекува од крзната, но порано уметничкиот директор Шанел Карл Лагерфелд рекол дека ретко користи крзно за креациите.

Кампањата против употреба на кожа од крокодили и змии не е толку популарна како кампањата против користење на крзо. Многу луксузни модни куќи имаат свои фарми, со што би се гарантирало дека животните не се мачени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.