Францускиот МНР: Франција е решена да ја признае Палестина

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро денес изјави дека земјата е решена да ја признае Палестина и покрај ескалацијата на тензиите меѓу Иран и Израел, пренесува Ројтерс.

Израел изврши напади врз Иран преку ноќ, велејќи дека цел на операцијата биле нуклеарни постројки, фабрики за балистички ракети и воени команданти, наводно насочени кон спречување на Техеран да развие нуклеарно оружје, а Иран вети одмазда.

Француските власти претходно изјавија дека претседателот на земјата, Емануел Макрон, бара признавање на Палестина, а конференцијата на ОН, заеднички организирана од Франција и Саудиска Арабија за палестинското прашање, ќе се одржи од 17 до 20 јуни.

Пронајдете не на следниве мрежи: