ФУРКАН: МОМИРОВСКИ – НИЕ НЕ СМЕ КОЛЕГИ!

Г. Момировски, овие старомодни удбашки тактики на заплашување не поминуваат.

Затворот мене не ме плаши ако тоа е цената што треба да ја платам за да мислам, пишувам и зборувам СЛОБОДНО.

За мене најголема казна би било доколку сум на слобода а сепак заробен во умот. Заробен во канџите на партијата, стиснат во ќошето на 15 квадратното студио каде што се зборува со саати но не смее да се размислува… Се е смислено а ти си само алатка за сето тоа да се спроведе.

Како и да е, нашата работа е јавна и народот точно знае кој е Горан Момировски, и кој е Фуркан Салиу. Па така ќе ве замолам да не ме нарекувате колега. Сите знаеме каде ќе бидам јас утре и сите знаеме каде сакате вие да бидете утре.

Знам дека желбата да се докажете и да им помогнете на вашите колеги од белата палата е голема ама ви кажав дека со овие старомодни методи ефектот е нула… Само не потсетивте на еден период кога партијата спремаше обвиненија, партијата те судеше, партијата те убиваше.

Вие на медиум со национална концесија констатиравте дека документот е фалсификуван, јас сум виновен и дека треба да одлежам 10 години затвор.

Г. Момировски, ние не сме колеги.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.