ХАКЕРИ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА ЌЕ ОБЈАВАТ ПОДАТОЦИ, КОИ ЌЕ Ѝ ПРЕДИЗВИКААТ ПРОБЛЕМИ НА АЛБАНСКАТА ВЛАДА

– Откако хакерите од иранската група „Татковинска правда“ презедоа одговорноста и за кибернападот од петокот врз системот ТИМС на албанските гранични премини, денеска за „Топ чанел“ најавиле објавување податоци од нападнатите системи.

ХАКЕРИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА ЌЕ ОБЈАВАТ ПОДАТОЦИ, КОИ ЌЕ Ѝ ПРЕДИЗВИКААТ ПРОБЛЕМИ НА АЛБАНСКАТА ВЛАДА

– Стапивме во контакт со оваа група хакери, кои предупредија дека секоја недела ќе продолжат со објавување на податоците добиени од албанските системи. Не само тоа, туку податоците добиени од е-Албанија ги ставија на продажба, каде што гигабајт информации се продава за 0,05 биткоини, јави телевизијата.

Хакерите исто така навеле дека податоците добиени од ТИМС системот ги продале и на „некои луѓе во Албанија и оти за тоа знае Владата“.– Тие предупредуваат дека многу брзо ќе објават податоци кои ќе ѝ направат проблеми на албанската Влада, додава „Топ чанел“.

По првите кибернапади на 15 јули врз владините и други државни системи медиумите објавија дека хакерите побарале од Владата 70 милиони долари за да не објавуваат од податоците, но премиерот Еди Рама демантираше.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.