Хајредини: Во „Европскиот фронт“ од 18 пратеници ДУИ учествува само со 8!

Поранешниот министер за финансии, и жесток критичар на ДУИ, Џевдет Хајредини на својот фејсбук профил сподели интересен факт за изминативе избори а поврзано со партијата на Али Ахмети.

„Во рамките на “европскиот фронт”, ДУИ, од вкупно 18, учествува со само 8 пратеници“, пишува Хајредини.

Според анализата на професорот, ако ги исклучиме пратениците од партиите на Турците, Ромите и Бошњаците, Европскиот фронт би бил со помалку пратеници од „Вреди“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.