Официјални лица во Њујорк изјавија дека маж скокнал од луксузен хотел на Тајмс Сквер во петокот.
Портпаролот на њујоршката полиција изјави дека полицајците одговориле на итен повик во кој било наведено дека на улицата околу 11:24 часот било пронајдено лице во несвест, пренесува Fox news.

Полициски службеници затекнале маж (38) пред хотелот „Роу“ и констатирале дека има повреди кои „покажуваат дека паднал од височина“.
Брзата помош само на лице место можела да констатира смрт на мажот.
Властите ја истражуваат трагедијата.
Пронајдете не на следниве мрежи:


