Хороскопот открива зошто се нервирате

Чувството на нервоза и анксиозност ни е познато на сите, а тоа често произлегува од карактеристиките на личноста, но и од условите околу нас. Тоа што ве прави нервозни, можеби нема да им значи на другите и обратно.
Хороскопот има влијание зошто и како се нервирате.
Овен
Вие имате чувство дека животот нема да оди, ако вие не ги туркате работите. Затоа и само продолжувате со истото темпо иако често се чувствувате исцрпено и безнадежно. Убедени сте дека нештата не можат да функционираат без вас, но тоа не така. Треба да се обидете и да се уверите дека тоа не е така. Можеби тоа потајно и најмногу ве нервира, нели?
Бик
Вашата нервоза е поттикната од чувството дека не сте доволно добри и брзи, дека нема да стигнете или дека ќе задоцните или пак дека ќе предизвикате незадоволство. Важно ви е и мислењето на другите. Бидејќи сакате да бидете лежерни и ноншалантни и да не брзате никаде, вашиот најголем проблем и нервоза е да одговорите на барањата и роковите кои ви се поставени од другите. Но, вие не сте ниту неспособни или неодговорни, туку вашата свест за сопствените слабости ги зголемува проблемите.


Близнаци
Вам ве нервираат и често ве избезумуваат ситници, кои немаат никаква врска со вас. Претерано реагирате ако некој некому го пресече патот во сообраќајот, не можете да поднесете кога некој испаѓа глупав или пак кога не покажува чувства кон другите. За нефукнкционалноста на нештата во домот, вие тоа го доживувате како личен неуспех. Вам би ви помогнала медитација за стишување на мислите.
Рак
Вашата сензибилност често ве држи во замка со анксиозноста. Чувствувате нож во стомакот додека сами гледате низ прозорот во текот на ноќта, често се грижите за својата безбедност и безбедноста на оние кои ги сакате. Вие не можете и не треба да ги потиснувате своите емоции, но треба да дишете длабоко, да се смирите и да го кажете тоа што го имате во себе. Утехата и уверувањето дека сѐ ќе биде во ред се лек за вашата анксиозност.
Лав
Секогаш кога не ја контролирате ситуацијата, вие чувствувате нервоза. Потребно ви е да се уверите дека нештата функционираат и сакате постојано да имате контрола над вашите одлуки вашето време. Кога нештата не одат така, вие сте многу нервозни и често нервозата ја истурате н другите луѓе.
Девица
Вие самите си ја предизвикувате нервозата со претераното размислување и анализирање на секоја одлука, но и на сите нешта во вашиот и туѓите животи. Вашиот мозок ќе престане да фуникционира ако не престанете да го правите тоа, постојано обидувајќи се работите да ги погледнете од сите страни. Потребно е да се смирите, но и да не го замислувате секогаш најлошото сценарио.


Вага
Слично и како Девиците, претерано анализирате. Но. Вашата анализа никогаш не носи до резултати, бидејќи секогаш имате половина причини „за“ и половина „против“. Тешко е за вас да останете во рамнотежа, а бидејќи постојано тежнеете кон тоа, вие сте многу нервозни. Потребно е понекогаш да бидете импулсивни и побрзо да ги донесувате одлуките, без долгиот процес на размислување, анализирање и неодлучност.
Шкорпија
Кога немате доволно мир и приватност, вие сте под стрес, нервозни сте и вознемирени. Потребен ви е личен простор, и очекувате другите да го почитуваат тоа. Побарајте мир во некој спорт или танц кој се одвива во природа.
Стрелец
Вашата анксиозност е предизвикана од ограничувањата. Не можете да поднесете кога некој ви одредува како да се однесувате, што треба да зборувате и како да се облекувате. Секој напад на вашата лична слобода е голема причина за нервоза и непријатност за вас. Потребно ви е да ги зајакнете границите кон надворешниот свест, но и свеста дека е ваша и дека коментарите од другите се само тоа – обични коментари.
Јарец
Причина за вашата нервоза се оние нешта кои си ги наметнувате себеси, а бидејќи сте строги, сериозни и сериозни, вие си наметнувате себеси дури и премногу. Оптеретени сте со напорот да ги испочитувате роковите кои сте си ги дале себеси и да ги изнесете сите проекти кои сте ги преземале на свој грб. Најголем дел од вашиот живот се одвива однапред. Би требало помалку да се грижите за „што ако“ и повеќе да внимавате на сегашноста.
Водолија
Кога работите не се одвиваат на ваш начин, онака како што сте замислиле и испланирале, тоа многу ве вознемирува. Се обидувате да правите повеќе работи истовремено, но и тоа ви создава многу стрес. Потребно е да сфатите дека можеби воопшто не е лошо нештата да се одвиваат поинаку од планираното и да пробате да ги правите, едно по едно.
Риби
Вашата нервоза е поттикната од чувството дека сте многу изложени. Вашата чувствителност е вашата најголема карактеристика, но кога морате да минувате време со поголема група на луѓе, вие го мразите вниманието и едноставно се нервирате кога морате да го напуштите својот дом и личен простор.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.