Помалку од половината од граѓаните на Хрватска (45,1 отсто) веруваат во исправноста на европскиот избор на својата земја, која од 1-ви јули ќе и’ се приклучи на Европската унија, покажува истражувањето спроведено од страна на агенцијата Ipsos Plus за потребите на телевизијата Nova TV.Според истражувањето, 26,6 отсто од испитаниците сметаат дека пристапувањето кон ЕУ е истовремено и позитивен и негативни чекор, а уште 25,6 проценти негативно гледаат на европската интеграција. Истражувањето беше спроведено од 27-ми до 29-ти март 2013 година, меѓу 802 испитаници, две седмици пред изборите за Европскиот парламент.Хрватска ќе стане 28-та членка на Европската унија и втората република од поранешна Југославија, по Словенија, којашто се приклучува на Унијата.На прашањето дали Хрватите ги следат случувањата во ЕУ, 57,3 отсто од испитаниците изјавиле потврдно, 40,8 проценти одговориле дека не им е грижа за тоа што се случува во ЕУ, а 1,8 отсто немаат мислење по ова прашање.Меѓу предностите кои Хрватска ќе ги добие од членството во ЕУ, мнозинството граѓани сметаат дека тоа е можноста да студираат во странство (76%), изгледите за наоѓање работа во земјите од ЕУ (72%), слободата на патувањата (65%). Покрај тоа, за Хрватите привлечно во ЕУ е и брзото решавање на судски спорови (59%), можност за купување автомобили по пониска цена (52%), ефикасното управување (46%) и пониски каматни стапки (41%).Од друга страна, граѓаните на Хрватска стравуваат дека влезот во ЕУ ќе доведе до пораст на цените на храната и на другите стоки (45%), зголемување на цените на недвижностите (35%) и дополнителни тешкотии при наоѓањето работа, бидејќи сега хрватскиот пазар ќе биде отворен за сите земји на ЕУ (32%).
МакфаксПомалку од половината од граѓаните на Хрватска (45,1 отсто) веруваат во исправноста на европскиот избор на својата зем