Цветина торта

ЗА КОРА
8 белки
350 г шеќер
200 г мелени ореви
ЗА ФИЛ
8 жолчки
8 лажици шеќер
2 лажици брашно
200 г путер
80 г чоколадо
1 лажичка инстант кафе
ЗА ПРЕЛИВ
100 мл слатка павлака
120 г чоколадо
Белките се матат во цврст снег со постепено додавање на шеќерот. Се додаваат мелените ореви и нежно, во една насока се меша со лопатка. Смесата се нанесува во тава од рерна, обложена со хартија. Се пече 10 минути на 180 степени, потоа 10 минути на 150 степени и уште 30 минути на 100 степени.
Потоа се подотвора вратата од рерната малку да се подизлади, па се вади тавата и од неа се вади печената кора и се става убаво да излади со се хартија на рамна работна маса. Откако добро ќе излади, се вади хартијата.
Жолчките се матат со брашното и се варат на пареа додека се згусне кремот. Се трга од оган, и се додаваат инстант кафето и чоколадото. Убаво се меша и се остава кремот да излади, повремено промешувајќи за да не фати кора.
Во изладениот крем се додава изматениот путер и се мати филот додека се соедини.
Кората се сече на 4 ленти и сите се премачкуваат со фил.
Во тенџере на оган се загрева павлаката. Се додава чоколадото, искршено на парчиња и се меша додека се растопи. Преливот се нанесува на горната површина на тортата и се оставада се разлее по страните од тортата.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.