Целосна реконструкција на ул.„Бутелска“

Градоначалничката на Град Скопје изврши увид на завршната фаза од градежните работи за реконструкција на улицата „Бутелска“, 

Целосна реконструкција на ул.„Бутелска“

Град Скопје ја реконструира улицата Бутелска од вкрстувањето со ул. „Александар Урдаревски“ до приклучокот кон обиколницата. Реконструкцијата на коловозот е на површина од 7.687 квадратни метри и должина од 850 метри, ова е најпрометната улица во општина Бутел. Целосно се реконструираат оштетените тротоари и автобуските постојки. 

Во исто време се превземаа активности за подобрување на водоводната линија Ф400 со цел намалување на можности од дефекти на ново-асфалтираната улица во иднина поради дотраеност. За атмосферската канализација се изработува дел од крак DN 400 со цел да се развие нова општинска атмосферска линија.

Со реконструирање на улицата Бутелска се решава децениско барање на граѓаните во овој дел од општината, а воедно се олеснува функционирањето и движењето на повеќе од 25.000 граѓани кои секојдневно транзитираат на овој потег.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.