Цената на месото повисока за 3,3%

Според „Еуростат“ цената на месото во февруари во ЕУ била повисока за 3,3 % во однос на претходната година.

Најголем пораст на цените е забележан кај свинското месо (5,7%), потоа следува јагнешкото и јарешкото месо (4,5%), говедско и телешко месо (3%), додека кај месото од живина имало пад на цените од 1,6%.

Во државите од ЕУ, најголем пораст на цените на месото имало во Бугарија (8,2%), Романија (7,7%) и Хрватска (7,1%).

Спротивно на тоа, во три земји членки на ЕУ бил забележан пад на цената на месото и тоа во Чешка (5,1%), Финска (2,2%) и Данска (0,6%).

Највисока стапка на инфлација на цената на месото била забележана во февруари 2023 година, кога на годишно ниво достигнала 17,3%.

Извор: ec.europa.eu


Пронајдете не на следниве мрежи: