Цената на нафтата на светските берзи паѓа. Дали и кај нас ќе се следи овој тренд?

Цените на нафтата денеска забележаа пад на меѓународните пазари под 90 долари под притисок на очекувањата за послаба побарувачка и зајакнат долар пред евентуалното значително зголемување на каматните стапки во САД. На лондонскиот пазар цената на барелот доцна пладне беше пониска за 1,9 долари во однос на затворањето на крајот на минатата недела и изнесуваше 89,45 долари. На американскиот пазар со барелот се тргуваше по пониска цена од 2,57 долари, достигнувајќи 82,54 долари.

Цената на нафтата на светските берзи паѓа. Дали и кај нас ќе се следи овој тренд?

Трговијата денеска е ограничена поради погребот на кралицата Елизабета Втора во Британија, а трговците се фокусирани на американската централна банка, која оваа недела ќе ги зголеми каматните стапки, можеби за цел процентен поен, за да ја скроти високата инфлација. Минатиот месец потрошувачките цени во САД беа за 8,3 отсто повисоки од минатата година.

Повисоките каматни стапки би значеле поголеми трошоци за задолжување и послаба економска активност и побарувачка на нафта, но и поддршка на доларот, кој остана близу највисокото ниво во изминатите две децении, што значи послаба куповна моќ за купувачите со други валути.

Цените се во застој поради претстојната седница на ФЕД и силниот долар, заклучи Тамас Варга од PVM. Побарувачката веќе некое време ги загрижува пазарите, особено откако Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) минатата недела процени дека може да стагнира во четвртиот квартал.

Застојот на цените беше и надежта дека може да се ублажи кризата во снабдувањето со гас во Европа.

Снабдувањето со руски енергенти е доведено во прашање откако западните земји почнаа да воведуваат санкции против Русија поради нејзината агресија врз Украина. ЕУ се подготвува да воведе ембарго на руската нафта и деривати, а Г7 сака да ги ограничи нејзините цени.

Рускиот претседател Владимир Путин се закани дека во тој случај ќе ја прекине испораката на групата најбогати земји во светот.

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) денеска одделно објави дека цената на барел од нафтената кошничка на нејзините членки во петокот се намалила за 1,80 долари, на 95,70 долари.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.