Американската разузнавачка агенција – ЦИА објави речиси 1.500 страници декласифицирани документи за атентатот врз сенаторот Роберт Ф. Кенеди во 1968 година, во кои се детално опишани истрагата на агенцијата и се откриваат претходно непознати детали за неговите контакти со агенцијата.
Кенеди се сретнал со претставници на ЦИА по неговата посета на Советскиот Сојуз во 1955 година, кога ги споделил своите забелешки и понудил да биде нивен информатор, се вели во документите.



