ЧАРЛ ОФИЦИЈАЛНО ПРОГЛАСЕН КРАЛ: Започнува нова ера, Велика Британија доби НОВ МОНАРХ

Кралицата Елизабета Втора почина во четвртокот на 96-годишна возраст, а нејзиниот син Чарлс денеска и официјално беше прогласен за крал на состанокот на Советот за пристапување.

ЧАРЛ ОФИЦИЈАЛНО ПРОГЛАСЕН КРАЛ: Започнува нова ера, Велика Британија доби НОВ МОНАРХ

На објавувањето присуствува неговиот син принцот Вилијам, а настанот се пренесува на телевизија за прв пат во историјата.

На советот присуствуваат поканети тајни советници, кои им служат на министрите во владата, а присутни се и сите шест живи поранешни британски премиери.

Наследникот принцот Вилијам и кралицата Консорт Камила се меѓу оние кои официјално го прогласија Чарлс за крал Чарлс III на церемонијата утринава.

Новата британска премиерка Лиз Трас се приклучи на потпишувањето на декларацијата со која Чарлс официјално се признава за крал.

На затворениот состанок на Советот во вториот дел од церемонијата нема да им биде дозволено да учествуваат сите.

Кралот присуствуваше и на вториот дел од состанокот за да даде изјава и да потпише заклетва за заштита на безбедноста на црквата во Шкотска и континуитетот на владата.

По состанокот, во 12 часот по локално време, од балконот во палатата Сент Џејмс во центарот на Лондон, беше прочитана главната прокламација со која Чарлс се прогласува за суверен.

Невообичаено, Долниот дом ќе заседава во сабота за да им дозволи на високите пратеници да положат заклетва за верност на кралот Чарлс III.

Вториот проглас ќе биде прочитан во Лондон на Кралската берза, а дополнителни прогласи ќе се читаат во Шкотска, Северна Ирска и Велс во недела напладне.

Законот од 1701 година утврдил дека новиот монарх автоматски го наследува тронот, а со декларацијата на Советот се потврдува името и идентитетот на новиот крал и официјално се објавува какво име ќе носи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.