Чевли кои или ги сакате или ги мразите: Кери Бредшо се откажа од елегантните високи потпетици

Благодарение на серијата „Сексот и градот“, чевлите кои или ги сакате или ги мразите се враќаат на модната сцена. Чевлите на платформа се повторно во мода, а најдобар доказ за тоа е Сара Џесика Паркер која се прошетала во нив на снимањето на новото продолжение на серијата.
На модниот радар повторно се најдоа чевлите на платформа кои веќе со години се заборавени и оставени некаде на дното од гардероберот. Но, наскоро тие би можеле да станат еден од најбараните модели.


Иако снимањето на новите 10 епизоди од „Сексот и градот“ само што започна, се чини дека стајлингот на Њујорчанките веќе наметнаа некои нови модни трендови. Први помеѓу нив се дефинитивно чевлите на платформа кои или ги сакате или ги мразите бидејќи кога станува збор за нив – нема златна средина.


Во изминатите години ваквиот модел го носеа само ретките страсни љубителки како латино убавицата Софија Вергара која никогаш не се откажа од нив.
Затоа, многумина останаа изненадени од изборот на Бредшо, која наместо високи елегантни потпетици, прошетала во повпечатлив, но поудобен модел на Мери Џејн во XL платформа со дебела потпетица.


Освен тој модел, носела и сандали на платформа со потпис на Сен Лорен, а сличен модел носела и нејзината колешка Синтија Никсон (Миранда Хобс).
Се чини дека новиот (стар) тренд доби официјална потврда, па затоа тргнете во потрага по модел кој најлесно ќе го вклопите во своите стајлинзи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.