Жалфијата има многу придобивки, но важно е да се користи со претпазливост, особено во форма на чај.
Во сезоната на вируси, многу луѓе претеруваат со консумирање чаеви , мислејќи дека тие секогаш се корисни. Сепак, треба да се биде внимателен со чајот од жалфија.
Жалфијата содржи хемикалијата тујон, која може да биде токсична, особено во големи количини. Тујонот е поврзан со невротоксичност, напади и оштетување на црниот дроб и нервниот систем.
Ако сакате да пиете чај од жалфија, најдобро е да го користите како средство за плакнење на устата, бидејќи токсичноста може да се намали со варење повеќе од 15 минути, иако чајот станува горчлив.
Жалфијата е сè уште корисна за здравјето , особено за забите и усната шуплина, па затоа е добро да се користат свежи листови за триење на непцата. Исто така, производите за коса со жалфија ја смируваат и додаваат сјај на косата.
The post Често го пиеме овој чај, а е полош од алкохол: Опасен е за црниот дроб appeared first on Во Центар.



