Чизкејк со праски, без печење

Потребни состојки:
250 г крем сирење
80 г јогурт
80 г шеќер
40 мл сок од праска
10 г желатин
200 г слатка павлака
3 средни праски
Пишкоти
Путер за премачкување
Млеко
За декорација
4 праски со средна големи
10 г желатин
280 мл сок од праска
Премачкајте го калапот за чизкејк со путер. Eдна по една, пишкотите додајте ги во млеко и ставете ги на дното на калапот.
Измијте, излупете и исечкајте три праски. Промешајте желатин и сок од праска и ставете го на страна 10 минути. Потоа загрејте го желатинот на тивок оган и оставете го да се излади. Во еден сад изматете слатка павлака, а во друг сад крем сирење, јогурт и шеќер. Изладениот желатин додајте го во смесата од сирењето и мешајте за да се соединат состојките. Потоа со лажица измешајте ја слатката павлака во смесата и ставете ја во калапот врз пишкотите. Ставете ја во замрзнувач на 1 час.
За тоа време измијте и излупете ги останатите праски. Како и за подготовката на кремот, ставете го желатинот во сокот од праски, подгответе го на ист начин и оставете да се излади. По 1 час извадете го колачот од фрижидер и на врвот распоредете ги праските, а потоа прелијте со подготвениот прелив со желатин. Оставете го колачот во фрижидер преку ноќ за да се стегне.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.