Чоколаден колач од тетрапак – без брашно и без печење

Еве како да го направите наједноставниот, но фантастичен десерт, чија подготовка ќе бара минимален напор. Потребни ви се само неколку состојки и 1 празен тетрапак од млеко или сок.
Чоколаден колач од тетрапак – без брашно и без печење
Потребни состојки:
500 мл млеко
100 грама шеќер
малку сол
30 грама какао во прав
90 грама црно чоколадо
10 грама агар агар
20 мл вода
кокосово брашно за украсување
празен тетрапак
Начин на подготовка:
Во тенџере турете 400 мл млеко, додајте 100 грама шеќер и малку сол и ставете да се вари на тивок оган.
Во друг сад измешајте 100 мл млеко, 30 грама какао во прав, измешајте добро и додајте ја смесата во тенџерето.
Додајте 90 грама црно чоколадо.
Измешајте 10 грама агар агар со 20 мл вода, додајте ги во тенџерето и промешајте.
Турете ја добиената течност во тетрапак и ставете ја во фрижидер 2-3 часа.
Кога ќе се излади, извадете го колачот од картонот и посипете го со какао и кокосово брашно.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.